Breaking News

Кери ќе ја напушти функцијата во администрацијата на САД за да помогне во предизборната кампања на Бајден


Специјалниот американски пратеник за климатски прашања Џон Кери ќе ја напушти оваа функција во администрацијата на САД во наредниот период, бидејќи планира да помогне во предизборната кампања на претседателот Џозеф Бајден, соопшти синоќа неговиот кабинет.


Кери, кој е поранешен државен секретар на САД, го информирал својот персонал за одлуката по разговорот што го имал со Бајден во текот на неделата, изјави неговиот портпарол.


Како претставник на САД за климатски прашања, Кери учествуваше во постигнувањето на климатскиот договор од Париз во 2015 година, како и на договорот на климатскиот самит на Обединетите нации во Дубаи КОП28 за намалување на употребата на фосилни горива.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА