Breaking News

Казни за 137 возачи за брзо возење на територија на цела држава


Вкупно 137 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акција на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.


Како што соопшти МВР, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.


Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.  – Сообраќајните контроли продолжуваат.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението. мд/црФото: МИА архива   .


Извор: МИА