Breaking News

Казнети 267 возачи во Скопје, 128 за брзо возење


На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 267 мерки во контролите во областа на сообраќајот што го спроведува Секторот за внатрешни работи Скопје.


Како што соопшти МВР, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 128 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 31 меркa за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол.


. . – Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.


мд/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА