Breaking News

Казнети 243 возачи во Скопје, 145 за брзо возење


Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции.


Како што соопшти МВР, изречени се и 20 мерки за возење без возачка дозвола, 26 мерки за управување под дејство на алкохол и две санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои со соопштението.


вг/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА