Казнети 172 возачи во Скопје, 14 биле без возачка дозвола


На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 172 мерки во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува Секторот за внатрешни работи Скопје.


Како што соопшти МВР, 14 мерки се за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за користење мобилен телефон при возење.


. . – Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.


мд/вг/Фото: МИА .

Извор: МИА