Breaking News

Казнети 159 возачи за брзо возење


Вкупно 159 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акцијата на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.


 Како што соопшти МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Осумдесет возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.


– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР.


мд/дма/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА