Breaking News

Кацарска: Да си ја цениме и сакаме нашата татковина и секој од нас,  да носи правилни одлуки


Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод  8 Септември, Денот на независноста на државата, во свое лично име и во име на Судот упатува искрени честитки до сите граѓани.


-Нека денешниот празник не’ потсетува на мудрите одлуки кои се носеле во минатото, но и нека биде совест и глас на нашата борба за подобро, заедничко утре.


Да си ја цениме и сакаме нашата татковина и секој од нас,  да носи правилни одлуки, кои ќе немаат друга цел освен благосостојба, мир и напредок на државата.

Нека е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија! дма/аа/Фото:МИА архива .


Извор: МИА