Breaking News

Катар: Израел и Хамас не се блиску до договор за прекин на огнот во Газа


– Израел и палестинското исламистичко движење Хамас не се блиску до постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, кој посредува во преговорите.


– Не сме ни близу до договор, изјави портпаролот Маџед ал-Ансари на прес-конференција. Тој додаде дека не изгледа дека двете страни се фокусирани на решавање на сегашното недоразбирање во преговорите.


Портпаролот рече дека разговорите продолжуваат. јт/ .

Извор: МИА