Breaking News

Касами: Претседателскиот кандидат ќе биде политичка фигура, во игра е Таравари, во игра сум јас


Лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Биљал Касами вечерва изјави дека наредните денови албанската опозиција ќе го објави името на кандидатот за претседателските избори.


 – Овој пат се одлучивме тој да биде политичка фигура, во игра е Таравари, во игра сум јас, набрзо ќе дознаете.


Албанците имаат историска шанса нивниот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори.

Тоа го кажуваат моменталните бројки и рејтинзи на партиите, рече Касами во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21. Според Касами, ДУИ нема да излезе со кандидат Албанец.


 – ДУИ ја имаше оваа шанса, но ДУИ нема да излезе со кандидат Албанец, а доколку излезе со свој кандидат, тоа ќе го направат затоа што ние ќе излеземе.

ДУИ не е тука да ги застапува интересите на Албанците, рече Касами. бак/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА