Breaking News

Камерон: Западот треба уште еднаш да ја докаже потребата од НАТО


Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон изјави дека Западот мора „да ја докаже потребата од НАТО“, бидејќи Европа се соочува со ситуацијата од 1938 година, јави ДПА.


Во денешниот говор по повод 75-годишнината на НАТО, Камерон ја спореди сегашната ситуација, руската инвазија на Украина, со онаа со која се соочија Велика Британија и Франција на конференцијата во Минхен во 1938 година поради нацистичка Германија, наведува ДПА.


-Тоа што го гледаме сега е јасно како и тогаш.

Имаме тиранин во Европа кој се обидува насила да ги прекрои границите и соодветно на тоа имаме два избора – да го прифатиме овој пристап или да се спротивставиме на овој пристап, вели Камерон.


Во својот говор на настан организиран од британскиот тинк-тенк Кралскиот здружен институт за одбранбени студии, Камерон исто така рече дека НАТО треба да ја покаже својата „релевантност“ за помладите луѓе кои не пораснале во Студената војна.

-Големината на НАТО е тоа што им овозможува на земјите да ја изберат својата иднина.


Мислам дека тоа е суштината на неверојатно силен случај заснован на вредности што помладата генерација може да го прифати и реализира, додаде шефот на британската дипломатија.

ДПА потсетува дека во Брисел – на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, Камерон ги повика сојузниците во алијансата да ги зголемат трошоците за одбрана.


мс/фото: ЕПА .

Извор: МИА