Breaking News

Каевски: Членство во ЕУ носи поголеми плати и пензии, а блокадата економска неизвесност


„Економските политики на СДСМ во изминатите години создадоа поволна бизнис клима и услови за покачување на платите и пензиите, за подобрување на стандардот на граѓаните.


За само една година имаме рекорден прилив за 753 милиони евра директни странски инвестиции, паралелно со најголемо зголемување на минималната плата, просечната плата и пензиите.


СДСМ го оствари ветувањето и минималната плата ја зголеми од 8.000 денари во време наДПМНЕ на 21.000 денари. Просечната плата ја зголемивме од 20.000 денари на 36.000 денари. Просечната пензија исто така ја зголемивме и тоа за 60% а минималната пензија за 47%.

Со членство во ЕУ платите, пензиите, инвестициите драстично ќе се зголемат. Државите коишто се зачлениле во Унијата, во првите 5 години имаат и до 100-проценти зголемување на платите за работниците.


Поддршката за земјоделието, за нови патишта, школи, градинки, ќе биде драстично поголема. За земјоделците и за компаниите се отвора пазар до 500 милиони жители и пристап до различни и огромни фондови за финансиска поддршка. Бидејќи земја членка на Унијата добива 11 пати поголема европска помош од ЕУ – фондовите по глава на жител, од земја кандидатка.

Членството во ЕУ по членство во НАТО најмногу ќе влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Со членството во НАТО го обезбедивме мирот, стабилноста и безбедноста на државата и граѓаните.


Членството во ЕУ е нашиот светилник за подобар живот, поголеми плати и пензии. Јасно е дека оние коишто го кочат напредокот на европскиот пат, кочат поголеми плати, пензии, кочат подобар живот за граѓаните. Имаме реална, дофатлива можност, со глас за Европа и уставни промени да обезбедиме продолжување на европската интеграција и подобар животен стандард на граѓаните.

Не смееме да дозволиме да ја пропуштиме оваа историска, не смееме да влеземе во неизвесност и изолација. Затоа што прекинување на европски пат значи и економска неизвесност“, соошти портпаролот преку прес-конференцијата на СДСМ.


Извор: МИА