Breaking News

Кадиров: Уште 3.000 борци од Чеченија подготвени да заминат во Украина


Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека уште 3.


000 негови борци се подготвени да заминат да се борат во Украина како дел од единиците на руското Министерство за одбрана и силите на руската Национална гарда.


„Тие (борците) ја имаат најдобрата опрема и модерно оружје. Покрај тоа, момците се многу борбени и високо мотивирани да постигнат резултати“, напиша Кадиров на Телеграм.

За Кадиров војната во Украина е бедем против „западната агресија“. Тој во мај изјави дека Чеченија испратила повеќе од 26.


000 борци да се борат во Украина како дел од руските сили од почетокот на руско-украинската војна. ссм/фото: архива .

Извор: МИА