Breaking News

Кадиров: Израел да размисли пред да ги испровоцира муслиманите ширум светот да се одмаздат


Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го повика Израел да ја запре ескалацијата на конфликтот со Палестина и да размисли двапати пред да ги испровоцира муслиманите ширум светот да се одмаздат.


„Ако израелскиот режим мисли дека Палестина е сама и дека можат да прават што сакаат со неа, тие се во сериозна грешка“, напиша Кадиров на Телеграм. „Не ги провоцирајте луѓето.


Немојте да се потсмевате и да ги поттикнувате муслиманите ширум светот да се одмаздат. Тоа ќе ве чини илјада пати повеќе од потенцијалната добивка на која се надевавте.

Размислете пред да направите една од најголемите и најфатални грешки во вашата историја“, додаде тој. Според него, “Израел си дозволува премногу и се заканува да избрише цел народ од картата“.


Претходно, чеченскиот лидер му замери на Западот за двојни стандарди во арапско-израелскиот конфликт.

Тој смета дека ситуацијата на Блискиот Исток би била поинаква доколку другите шефови на држави, по примерот на рускиот претседател Владимир Путин, ја почитуваат религијата и ја штитат од напади.


Тој е убеден дека тогаш конфликтот би бил избегнат. паг/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА