Breaking News

Јужна Кореја го лансираше вториот воен шпионски сателит


Јужна Кореја го лансираше во орбитата својот втор воен шпионски сателит, што самата го произведе.


Сателитот беше лансиран со ракета „Фалкон 9“ (Falcon 9) на компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX), соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана, цитирано од француските медиуми.


Во декември, Јужна Кореја го потврди успешното лансирање на својот прв воен шпионски сателит, исто така лансиран во вселената со ракета на „Спејс Икс“, што беше лансиран од вселенскиот центар Џон Ф.

Кенеди во Флорида.


„Вториот разузнавачки сателит на нашата војска успешно се одвои од ракетата-носач приближно во 09:02 часот (00:02 часот по Гринич) и влезе во предвидената орбита“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

 „Планираме да потврдиме дека сателитот работи нормално преку комуникации со копнени станици во странство“, додаде министерството.


Француските медиуми потсетуваат дека двете лансирања го одразуваат интензивирањето на вселенската трка на Корејскиот полуостров, откако и во ноември минатата година, Северна Кореја објави дека го лансирала својот прв шпионски сателит во вселената.

Јужна Кореја планира до 2025 година да лансира вкупно пет шпионски сателити за подобро следење на ситуацијата во Северна Кореја. сд/фото:МИА архива .


Извор: МИА