Breaking News

Јулија Навални не им верува на руските медиуми, таа чека независна потврда за смртта на нејзиниот сопруг


Јулија Навални денеска изјави дека не им верува на руските медиуми кои објавија за смртта на нејзиниот сопруг, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, но ако се покаже дека е вистина, таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин за тоа и го повика светот да борба против неговиот „ужасен режим“.


 Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецки соопшти денеска дека по прошетка, Навални се чувствувал лошо и изгубил свест, по што бил неуспешно реанимиран, а причината за смртта се утврдува.


Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна во рускиот регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА