Breaking News

Јубилеен државен натпревар по класични јазици за учениците од гимназиите и средните училишта


Во организација на здружението Антика и Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје, денеска ќе се одржи јубилејниот 50.


државен натпревар по класични јазици за учениците од гимназиите и средните училишта.


Учениците ќе се натпреваруваат во три категории според степенот на изучување на јазикот и според струката: почетно ниво за гимназија латински и старогрчки јазик и почетно ниво здравствена струка латински јазик.

За време на натпреварите, учесниците ќе можат да се запознаат со студиската програма и со активностите на Институтот за класични студии и на Филозофскиот факултет и да го посетат Археолошкиот музеј при Филозофскиот факултет.


За време на натпреварите, здружението Антика вообичаено го одржува своето Годишно собрание. Здружението постои од мај 2001 година.

Тоа е здружение на професионалци и студенти кои се занимаваат со истражување, унапредување на образованието и наставата по класичните јазици и литература, преведување на дела од класичните автори, негување на античкото наследство во земјава и популаризација на класичната филологија.


Од 2004 година, здружението е член на Европската асоцијација за класични јазици и цивилизации ЕВРОКЛАСИКА (EUROCLASSICA), а од 2014 година член и на меѓународната федерација на здруженија на класични филолози FIEC (The International Federation of the Societies of Classical Studies).

цр/бак/Фото:МИА .


Извор: МИА