Breaking News

Јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за нападот на норвешкиот танкер


Јеменските бунтовници Хути денеска ја презедоа одговорноста за ракетниот напад во Црвеното Море во кој беше оштетен танкер со нафта што пловеше под норвешко знаме.


„Поморските единици на јеменските вооружени сили пукаа кон  норвешкиот танкер Стринда, што превезуваше гориво за Израел“, изјави воениот портпарол на Хутите, Јахја Сари.


Американската војска синоќа соопшти дека проектил истрелан од област под контрола на бунтовниците Хути погодил танкер со нафта во близина на брегот на Јемен, и нема жртви.

Танкерот Стринда бил погоден со крстосувачка ракета и избил пожар, соопшти американската воена команда на Блискиот Исток (Сентком) на платформата Х. ссм/фото: архива .


Извор: МИА