Breaking News

Јавен повик на Општина Охрид за доделување стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби


 


Охрид, 5 јануари 2023 (МИА) – Општина Охрид распиша јавен повик за додлеување стипендии на ученици, студенти, магистранти и докторанти за учебната 2022/2023 година, а се лица со ретки болести и посебни потреби.


Право на стипендија, според јавниот повик, имаат лицата кои се жители на Општина Охрид, редовни ученици, студенти, запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватни училишта и универзитети во државата, да се пациенти со ретки болести и посебни потреби категоризирани со наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфични потреби, издадено од страна на центрите или други институции кои го утврдуваат тоа и да не повторувале година во текот на своето образование.

Стипендиите, како што е наведено, се доделуваат за девет месеци во текот на една учебна година, а ќе се исплатат во текот на 2023 година.


– Износот на стипендијата изнесува 2.000 денари за учениците со ретки болести и посебни потреби во основно и средно образование и 3.000 денари за студентите, магистрантите и докторантите на државните и приватни универзитети во државата, стои во јавниот повик на Општина Охрид.

За пријава потребно е наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и спесифичните потреби издадено од страна на центрите кои го утврдуваат тоа, копија од извод на родени, трансакциска сметка, потврда за редовно запишана учебна година и година запишана во додипломски студии, магистерски и докторски студии и изјава потпишана од родител/старател дека доставените документи се вистинити и дека ученикот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или компанија.


Пријавите со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид „улица „Димитар Влахов“ бр.57 , со назнака „3а Комисија за спроведување на постапка за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби во Општина Охрид за учебната 2022/2023 година, или лично во архивата на општина Охрид. сс/сст/