Breaking News

Јадранка Клариќ Кимовска – Вински амбасадор на Македонските семејни винарии


Здружението Македонски семејни винарии ја именува Јадранка Клариќ Кимовска за прв Вински змбасадор и почесен член на Здружението на Македонски семејни винарии.


Од здружението потенцираат дека  Клариќ Кимовска како Вински амбасадор, ќе продолжи да ги поддржува и промовира македонските семејни винарии  истакнувајќи ја нивната автентичноста со цел зголемување на нивната продажба и  поширок пласман.


Јадранка Клариќ Кимовска оценува дека македонските семејни винарии се дел од винската индустрија на нашата земја со огромен потенцијал и квалитет.

-Тие не само што  да се израмнува со вината од далеку попознати вински региони, туку и многу често отскокнуваат.


Влегувањето во конкурентна средина/пазар дома и надвор е нов предизвик на кој ќе работиме и ќе се подржуваме заедно, вели Клариќ Кимовска.

Од Здружението на Македонски семејни винарии, потенцираат дека именувањето на Клариќ Кимовска за прв Вински амбасадор е чест и придонес  за растот на македонските семејни винарии, чијшто број моментално изнесува 173 мали винариии со над 255 етикети.


Јадранка Клариќ Кимовска е вински работник со меѓународно искуство, интернационален вински судија, вински витез во Македонија, воедно и сопственик на првиот специјализиран салон за вино Wine Berry и е најголемиот застапник и промотор на малите семејни винарии.

ад/са/Фото: Македонски семејни винарии  .


Извор: МИА