Breaking News

Извршен вонреден инспекциски надзор во училиштата во Карпош каде се појавија случаи на салмонела


Во кујните на  училиштата „Димо Хаџи Димов“ и „Владо Тасевски“ и во магацинскиот простор со кој стопанисува „Ванила фуд“ е извршен вонреден инспекциски надзор откако се регистрирани случаи на ученици заболени од салмонела.


Во текот на денешниот ден ќе биде извршен инспекциски надзор и во училишните кујни во „Војдан Чернодрински“ и  „Јан Амос Коменски“.


– Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје и ЈЗУ Институт за јавно здравје.

Согласно надлежностите на ДСЗИ земени се брисеви од работните површини, а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните.


Посетените објекти се времено затворени, информираа денеска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Од Општина Карпош вчера информираа за случајот.

Оттаму посочија дека се заболени девет ученици и дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко.


Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош, како што информираа од Општината, сама побарала вонреден преглед. бд/бак/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА