Breaking News

Израелските авиони погодија 150 цели во Појасот Газа


– Палестинските власти денеска соопштија дека израелските авиони погодиле 150 мети во Појасот Газа. Од полноќ по локално време загинале 24 луѓе, меѓу кои и две жени и четири деца.


Според Палестинците во израелските одмазднички напади вкупно загинале над 250 цивили, а повредени се речиси 1. 700 лица.


Претходно, израелските воздухопловни сили објавија дека нивните воени авиони погодиле „комплекс кој припаѓа на директорот на одделот за разузнавање на терористичката организација Хамас“.

Израелските авиони гаѓаа голем број цели во Појасот Газа откако Хамас вчера изврши масовен напад врз Израел, при што загинаа најмалку 300 луѓе, а повредени над 1. 590 лица. ми/фото: МИА архива  .


Извор: МИА