Breaking News

Израелски опозициски лидер: Треба да го окупираме јужен Либан


– Лидерот на израелската опозициска партија „Израел наш дом“ Авигдор Либерман изјави дека израелската армија треба повторно да го окупира јужен Либан, велејќи дека земјата мора да плати со своја територија за штетите предизвикани од нападите на Хезболах врз градовите во северен Израел.


Тој изјави дека израелската армија (ИДФ) мора да „затвори“ дел од јужен Либан и да го потисне Хезболах северно од реката Литани, „дури и ако тоа значи 50 години окупација“.


– Ништо нема да анексираме и нема да градиме населби, но ќе ја ослободиме територијата само кога во Бејрут ќе има влада која ќе знае како да го заштити својот суверенитет, рече Либерман.

Како што пренесе Тајмс оф Израел, според него, целата територија меѓу реката Литани и Израел мора да биде под контрола на ИДФ.


– Ако Либан не плати со своја територија, ништо не сме направиле, рече израелскиот опозиционер.

Израелската армија го окупираше јужен Либан во 1982 година и ја контролираше областа до нејзиното повлекување во 2000 година.


Окупацијата, според израелските власти, имала за цел да го држи Хезболах подалеку од израелската граница. јт/Фото: Фејсбук .

Извор: МИА