Breaking News

Израелски борбени авиони нападнаа воени постројки на Хезболах


Израелската армија денеска соопшти дека нејзини воени авиони синоќа нападнале воени објекти на либанскиот Хезболах.


На платформата „Икс“ беа објавени видеа и список на нападнатите области „Кфар Кила, Ајте ал Шаб, Киама и Марун Ел Раса“.


Погодена е и инфраструктурата во областите на југот на Либан, како што се наведува, со цел „да се отстранат заканите во Таир Харфа и Џибејн“.

Израел и проиранскиот шиитски Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, редовно разменуваат оган од 7 октомври минатата година, кога палестинските екстремисти предводени од Хамас ја нападнаа јужната израелска територија, по што почна војната во Газа.


рп/Фото: ЕПА .

Извор: МИА