Breaking News

Израелската војска го обвинува Хамас дека користи цивили како жив штит


– Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска ја обвинија палестинската исламистичка група Хамас дека користи цивили како „жив штит“, јави ДПА.


Хамас, исто така, „прикрива терористичка инфраструктура во цивилни области“ во Појасот Газа, се вели во објавата на ИДФ на Х.


На списокот на „воени злосторства на Хамас“ објавен на социјалната мрежа, ИДФ исто така наведе дека Хамас учествува во „сквернавење и осакатување на трупови“, „намерно убивање цивили“ и „киднапирање цивили и нивно држење во заложништво“.

Хамас, кој е на власт во Појасот Газа, неочекувано го нападна Израел во саботата наутро. Вооружени Палестинци напредуваа во земјата по копно, море и воздух.


Палестинската група, која Европската унија, САД и Израел ја сметаат за терористичка организација, оттогаш истрела илјадници ракети врз Израел. Земјата одговори со контра напади.

Според Израел, Хамас уби стотици Израелци и киднапираше повеќе од 100 луѓе, меѓу кои жени, деца и постари лица, и ги одведе во Појасот Газа.


Израелските воздухопловни сили како одговор бомбардираа неколку цели на Хамас во крајбрежната енклава. јт/Фото: ИДФ на Х .

Извор: МИА