Breaking News

Израелската армија затвори некои патишта во близина на либанската граница


Израелската армија нареди затворање за сообраќај на цивилни возила на некои патишта во близина на либанската граница поради зголемените тензии во регионот, јавува „Тајмс оф Израел“.


Наведено е дека израелската армија ја донела оваа одлука поради конфликтот со Хезболах на либанската граница што трае од 8 октомври минатата година.


Во овие судири досега загинаа 195 членови на Хезболах, осум членови на движењето Амал, 31 либански цивил, војник, двајца либански безбедносни офицери, шест израелски цивили и 11 израелски војници.

ссм/ .


Извор: МИА