Breaking News

Израелската армија соопшти дека убила „15 терористи“ во централниот дел на Појасот Газа.


Израелската армија денеска соопшти дека нејзините војници во вчерашните судири убиле 15 „терористи“ во централниот дел на Појасот Газа, јави ДПА.


Израелските одбранбени сили информираа дека при операција во станбен кварт во јужниот град Кан Јунис во енклавата уапсени се членови на радикалната исламистичка група „Хамас“ и запленето е оружје.


За време на акциите кон израелските војници била истрелана ракета. Според информации од армијата, на нејзина страна нема жртви.

Израелските медиуми денеска објавија дека армијата официјално демантирала дека командант без да добие наредба од претпоставен наредил уништување на зградата на универзитетот во градот Газа.


Случајот се уште се истражува. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА