Breaking News

Израелската армија повторно нападна цели на Хезболах во Либан


– Израелската армија соопшти дека синоќа извршила уште еден напад врз воена локација на Хезболах во Либан.


Во воздушниот напад погодена е „воена структура и набљудувачка кула“ на Хезболах во јужната гранична област, објави израелската армија на Телеграм. Засега нема информации за евентуални жртви.


Израел и Хезболах речиси секојдневно разменуваат оган преку границата од 7 октомври 2023 година кога почна војната во Појасот Газа.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА