Breaking News

Израел воспостави целосна контрола врз границата


– Израел целосно воспостави контрола над границата со Појасот Газа, соопшти армијата.


Воениот портпаролот рече дека не биле пријавени дополнителни инфилтрации во изминатите 24 часа и нема докази за прекугранични тунели, јави военото радио.


Претставници на Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера на брифинг рекоа дека се уште се водат борби на дури осум територии во рамките на израелската граница.

Ако извештајот на ИДФ е точен, се чини дека сите борци на Хамас се вратени во Газа.


Портпаролот додаде дека израелските одбранбени сили минираат делови од граничната ограда што беа пробиени од борците на Хамас во саботата. јт/Фото: ИДФ на Фејсбук .

Извор: МИА