Breaking News

Израел очекува долга војна во Газа, испраќа некои резервисти дома


– Израелската војска го приспособува распоредувањето на своите војници во очекување на долга војна во Појасот Газа и им дозволува на некои резервисти привремено да се вратат во цивилниот живот, пренесе ДПА.


– Целите на војната бараат долги борби и ние соодветно се подготвуваме, рече синоќа портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари.


– Мудро го планираме управувањето со силите кои работат на терен, внимавајќи на резервниот систем, економијата, освежувањето на силите и продолжувањето на процесите на борбена обука во ИДФ, додаде тој.

Хагари информира дека некои од резервистите оваа недела „ќе се вратат кај своите семејства и на своите работни места“.


Тој рече дека ова ќе ја олесни економијата на Израел и ќе им овозможи на резервистите да „соберат сила за претстојните активности“ во новата година.

Борбите ќе продолжат, а резервистите сè уште ќе бидат потребни. Дополнително, ќе продолжи обуката на офицерите, додаде тој.


Следејќи ги нивните искуства во битката во Појасот Газа, тие ќе добијат дополнителна обука за да ги зајакнат редовите на командантите, рече портпаролот на ИДФ. јт/Фото: ДПА .

Извор: МИА