Breaking News

Израел не очекува МСП да нареди прекин на војната во Газа


Израелското Министерство за правда не очекува Меѓународниот суд на правдата во Хаг да наложи Израел да ја прекине војната во Појасот Газа, пишува Тајмс оф Израел.


Јужноафриканската Република упати итно барање до МСП да го принуди Израел „веднаш да ги прекине“ своите воени операции во Газа, и обвини за спроведување геноцид на таа територија.


Во Хаг денеска ЈАР ги изнесува своите аргументи, а утре истото ќе го направи и Израел.

Неименувани функционери во Министерството велат дека МСП може да издаде некои судски наредби против Израел, но нема да нареди итен прекин на борбите.


Ваквите наредби, сметаат тие, би можеле да се однесуваат на барањето Израел да дозволи да се достави поголема помош до Појасот Газа, да формира истражно тело или да им дозволи на Палестинците да се вратат во своите домови на северот од енклавата.

ссм/фото: ЕПА архива .


Извор: МИА