Breaking News

Израел ја проширува својата копнена офанзива во пресрет на гласањето во Советот за безбедност на ОН


Израелските сили денеска посочија дека ја прошируваат својата копнена офанзива со нови напади врз централниот дел на Појасот Газа пред очекуваното гласање на Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за зголемување на хуманитарната помош за Палестинците.


Во време кога се изјаловија надежите дека ќе се постигне договор за ново примирје на преговорите во Египет оваа недела низ палестинските територии продолжија нападите од воздух, артилерискиот оган и судирите.


Израелската армија денеска им нареди на жителите на Ал-Бурејџ во централниот дел на Газа веднаш да заминат на југ, навестувајќи дека тоа ќе биде во фокусот на нови напади по уништувањето на северот и многубројните упади на југот.

Министерството за здравство во Газа, со кое управува исламскиот Хамас, соопшти дека во претходните два дена биле убиени 390 Палестинци, а 734 биле ранети, додека немало комуникација.


Малку подоцна беше објавено дека двајца Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети во напад со беспилотно летало на бегалскиот камп Ал-Бурејџ, пренесе Ал Џезира. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА