Breaking News

Израел изврши воздушни напади врз Хезболах во јужен Либан


Израелската армија повторно пукаше врз неколку цели на Хезболах во соседен Либан.


Борбени авиони на воздухопловните сили нападнаа воен објект во близина на Марвахин во јужен Либан и ракетен фрлач на друго место на границата, објавија утрово вооружените сили.


Израелско беспилотно летало и хеликоптер исто така нападнаа позиции од кои беше пукано врз Израел, додаваат тие.

Хезболах, кој е сојузник на палестинската исламистичка терористичка организација Хамас и Иран, и израелските сили постојано разменуваа оган во последните денови.


Во тековната војна во Газа како резултат на нападите на Хамас на 7 октомври минатата година, главните дипломати како американскиот државен секретар Ентони Блинкен стравуваат од проширување во други делови од регионот.

Блинкен, како и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, моментално патуваат на Блискиот Исток и посетуваат неколку држави за да разговараат за ситуацијата во конфликтот.


Баербок планира денеска да ги посети Палестинците на Западниот Брег и да се сретне со министерот за надворешни работи Ријад ал-Малики во Рамала. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА