Израел го отвори својот воздушен простор по синоќешните ирански воздушни напади


Израел утрово го отвори својот воздушен простор, кој беше затворен поради иранскиот напад со околу 300 проектили и борбени дронови, јавуваат израелските медиуми.


Во соопштението на израелските аеродромски власти се вели дека израелскиот воздушен простор е повторно отворен, но на патниците од Тел Авив им се советува да го проверат распоредот на летовите поради нарушување на распоредот на летови.


  паг/Фото: МИА архива .

Извор: МИА