Breaking News

Изминатите 24 часа три пожари на отворено, на 112 во ЦУК регистрирани 1.593 повици


Изминатото деноноќие имало три пожари на оворено кај селата Лознани и Раборци и тие биле изгаснати од пожарникарските тимови во Битола и Струмица, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).


-Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Битола во текот на денот имала две одделни интервенции кај село Лознани и тоа: првата била од 16:30 до 17:45 часот, кога со два пожарникара и едно противпожарно возило гаснеле запалена ниска вегетација и грмушки и втората била од 17:35 до 19:45 часот, кога со повторно гаснеле запалена ниска вегетација, информираат од ЦУК.


Регионалниот ЦУК Струмица известил дека пожарникарите од ТППЕ Струмица, од 14:45 до 16:25 часот, со четири пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена деградирана нискостеблеста шума и ниска вегетација над село Раборци.

  Според последниот извештај на сектотот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1. 593. -„Реални“ повици за итни случаи имало 39,74 отсто.


Имало 60,26 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање, се наведува во соопштението од ЦУК.


Кон Полицијата, како што се наведува во соопштението, биле упатени 54,85 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 39,32 проценти, а кон пожарникарите биле упатени 2,43 отсто.

-Кон ЦУК имало 3,40 отсто од итните повици, што е во рамки на просекот од 3 до 10 отсто што ги решава, секако заедно со 60,26 отсто други, именувани и како „неитни повици“, поточно ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, се додава во соопштението од ЦУК.


дма/са/Фото:МИА архива .

Извор: МИА