Breaking News

Измени на Законот за АСЈО за да се надминат проблемите со полагањето на квалификацискиот тест


Измени на Законот за Академија за судии и јавни обвинители со цел да се надминат проблемите со полагањето на квалификацискиот тест, иницирале од Министерството за правда.


Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители, како информираа денека од Министерството за правда, содржи четири члена.


Оттаму појаснуваат дека со членот 1 се врши надополнување на членот 40 со два нови става со кои се овозможува надминување на непредвидениот застој во постапката за полагање на приемниот испит во Академијата поради настан кој не можел да се предвиди.

-Имено, во случај кога единствениот електронски систем за полагање на испитите не е во функција како резултат на настани кои неможеле да се предвидат, а поради крајна итност за спроведување на приемниот испит, се предлага можност квалификацискиот тест да се полага во хартиена форма, а резлтатите да се добијат со електронски читач, без вклученост на човечки фактор, водејќи сметка за анонимноста, интегритетот на испитниот процес и различноста на тестовите.


Решението што се предлага е слично со решението содржано во Законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РСМ бр. 67/22“), велат од Министерството за правда.

дма/ац/Фото: Министерство за правда .


Извор: МИА