Breaking News

Изложба на јапонски кукли „НИНГЈО“ по повод 30 години дипломатски односи со Јапонија


  Триесетгодишнина од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Јапонија и Република Северна Македонија ќе биде одбележана вечер (18. 00) со свеченост во Археолошкиот музеј во Скопје.


 Најавени се обраќања на амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја и државниот секретар од Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, по што директорката на музејот, Славица Бабамова, ќе ја отвори изложбата на јапонски кукли „НИНГЈО“ поддржана од Јапонската фондација.


ар/лв/Фото: Јапонска амбасада .

Извор: МИА