Breaking News

Изложба на дела на Христина Мазнеска во Струмица


Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со кафе бар „Нагоре“ќе ја отворат петтата изложба на дела, насловена „Портали“ од Христина Мазнеска.


Организаторите информираат дека изложбата е дополнета со кратка видео – инсталација од самата уметничка, со голем фонд на различни скици, цртежи, минијатури, каде што може да се види дека овие „Портали“ се неисцрпна тема за инспирација кај оваа уметничка, без разлика на медиумот кој го застапува.


Христина Мазнеска е визуелна и мултимедијална уметничка, сликарка, илустраторка и графичка дизајнерка. Родена во Прилеп во 1995 г.

Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2018 г. , во класата на проф. Жанета Вангели на отсекот сликарство со модул графички дизајн.


сх/нд/Фото: Контекст .

Извор: МИА