Breaking News

Изгаснат пожарот во руската рафинерија Илск


– Пожар во нафтената рафинерија во јужниот руски регион Краснодар изгаснат е за околу два часа, соопштија регионалните власти.


Не не е наведена причината за пожарот, како и дали ќе влијае врз производството во рафинеријата. Украина изминатите неколку недели изврши серија напади со беспилотни летала врз руските рафинерии.


Гувернерот на руската област Орил, Андреј Кличков, изјави дека регионалната противвоздушна одбрана спречила напад на украински беспилотни летала врз објекти за гориво и енергија.

Рафинеријата Илск е еден од водечките производители на гориво во јужниот дел на Русија, со капацитет за преработка на 6,6 милиони тони сурова нафта годишно.  ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА