Breaking News

ИЗБОРИ 2024 / Собрани 10 000 потписи за кандидатурата за претседател на Максим Димитриевски


Лидерот на партијата За наша Македонија (ЗНАМ) Максим Димитриевски вечерва на својот фејсбук-профил објави дека ги има 10-те илјади  потписи  потребни за кандидат за претседател на државата на изборите и им се заблагодари на граѓаните за поддршката.


-Над 10 000 потписи за кандидат за Претседател. Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа! #ЗНАМ #ДвижењеЗНАМ #ЗаНашаМакедонија, напиша Димитриевски на Фејсбук.


хс/са/Фото: ФБ Максим Димитриевски  .

Извор: МИА