Breaking News

ИЗБОРИ 2024 / Мицкоски: Апсолутен фаворит за претседател е Силјановска Давкова, Пендаровски е еден од посериозните кандидати


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека очекува нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска Давкова да победи во вториот круг од изборите на 8 мај, а нејзин  противкандидат да биде актуелниот претседател, Стево Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ и коалицијата.


 -Ценам дека Македонија многу ќе добие во името на Гордана Силјановска Давкова споредено со другите кандидати од кои би издвоил еден или двајца кои се посериозни.


Дел од нив, имаат задача да бидат опозиција на опозицијата, рече Мицкоски во Тема на денот на Сител ТВ.

 Еден од посериозните кандидати, вели тој, е актуелниот претседател Пендаровски и дека тука треба да се бара, како што вели, името за вториот круг, иако смета дека според нивните анкети и анализи, предноста на Гордана Силјановска Давкова ќе биде повеќе од сто илјади гласа разлика после првиот круг од изборите.


– Ценам дека тоа ќе даде сериозна порака кон гласачите како да настапат и како да се мобилизираат за време на вториот изборен круг заедно со парламентарните избори, рече Мицкоски.

 Покрај, како што вели, апсолутниот фаворит Гордана Силјановска Давкова, нивните анализи покажуваат дека актуелниот претседател Стево Пендаровски има најголеми шанси да влезе во вториот круг иако не ја исклучува можноста да има своевидни изненадувања, но тоа, додава Мицкоски, допрва ќе се види бидејќи кампањата ќе започне за 36 дена.


  Повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати предлогот на ДУИ за избор на претседател во Собрнаието.  -Барањето на ДУИ претставува фолклор како што веќе го коментирав во јавноста.

Обид за дефокус на јавноста од криминалот во кој озбилно се фатени од страна на јавноста.


Обид да се наметне порака, обид да се наметне тема во јавноста, нешто слично на кампањата за парламентарните избори во 2020 година кога нели требаше премиер Албанец, сега потпретседател нели Албанец, да се бира претседателот во рамките на Собранието итн.

, и тоа го уценуваат со учество во вториот круг, истакна Мицкоски. ев/са/Фото: ВМРО-ДПМНЕ    .

Извор: МИА