Breaking News

Истрефи: Правиме максимални напори за да ги реализираме услугите


Работиме нон – стоп. Можеби има некои проблеми, но не толку како што велите вие. Приватните „брзи пошти“ доставуваат пратки само во градовите, а ние и во селата, по планините.


Ние сме единствениот универзален давател на поштенските услуги, рече денеска директорот на АД „Пошта“, Идри Истрефи.


Одговорајќи на новинарско прашање во врска со поплаките на граѓаните околу поштенските услуги, Истрефи дополни дека вработените прават максимални напори за реализирање на услугите.

-Нашите работници работат напорно за да бидат во служба на граѓаните и за да ги извршат своите задачи.


Во однос на брзите пратки, тука има проблеми зашто ние, во нашиот дел, правиме напори што побрзо, но можностите се толку.

Приватните пошти се помали, а ние сме универзален снабдувач, му носиме пошта на секој човек, и во далечните места.


Приватните ги имаат само пунктовите во градовите, ги немаат и оние во селата, по планините.

Ние сме единствениот универзален снабдувач на пратките и услугите, напомена Истрефи по промоцијата на поштенска марка по повод 60 години Уставен суд на Република Северна Македонија.


мч/дма/фото: МИА архива .

Извор: МИА