Breaking News

Исплатените директните плаќања за амортизирани несилки и приплодни грла маторици


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ги реализираше исплатите за секторите живинарство и свињарство.


Како што информира, 36 земјоделски стопанства кои одгледале или продале/заклале амортизирани несилки во период од 1 октомври 2022 до 30 септември 2023 година, добија финансиска поддршка од 82 милиона денари.


Висината на финансиската поддршка е 120 денари по несилка. За мерката за женски приплодни грла маторици се исплатени 256 земјоделски стопанства кои одгледуваат минимум пет маторици и  ги чувале до 30.

11. 2023 година. Исплатената финансиска поддршка изнесува седум милиони денари, а висината на директните плаќања е 1 000 денари по грло маторица. мч/лв/фото: МИА архива .


Извор: МИА