Breaking News

Иран и Хезболах немаат никаква улога во инвазијата врз Израел, тврди претставник на Хамас


Висок функционер на Хамас вчера изјави дека само мал број високи команданти во Газа знаеле за големата инвазија во Израел, но дека сојузниците како Иран и либанското движење Хезболах „ќе се приклучат во битката доколку Газа биде подложена на војна на уништување“.


Али Бараке, член на раководството на Хамас во егзил, вети целосна блокада на територијата под контрола на Хамас.


Тој рече дека нападот бил планиран од високи команданти на Хамас во Газа и дека дури и најблиските сојузници на групата не биле однапред информирани за времето на нападот.

Тој ги негираше извештаите дека иранските безбедносни службеници помогнале во планирањето на нападот или дале зелено светло на состанокот минатата недела во Бејрут.


„Само мал број команданти на Хамас знаеја“, рече Бараке, додавајќи дека никој од централната команда или политичкото биро на Хамас не бил во либанскиот главен град минатата недела.

Тој призна дека Иран и либанската милитантна група Хезболах му помагале на Хамас во минатото, но рече дека од војната во Газа во 2014 година, Хамас произведува свои проектили и обучува свои борци.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА