Индустриското производство во октомври зголемено за 9,9 отсто


Индустриското производство во октомври годинава, во однос на истиот месец лани, е поголемо за 9. 9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст од 15.


9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8. 2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 19. 0 %.

Растот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.


Според главните индустриски групи, производството во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 11. 5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.

9 %, Капитални производи за 27. 5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11. 4 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 28. 0 %.


Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2023, во однос на истиот период од претходната година бележи раст од 1. 7 отсто. са/дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА