„Има помош за живот без насилство – достигнувања и следни чекори” во организација на УНФПА


– Во организација на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, денеска ќе се одржи настан со наслов „Има помош за живот без насилство – достигнувања и следни чекори“.


Од УНФПА информираат дека на настанот ќе бидат презентирани следните чекори за унапредување на системот за заштита и превенција од родово-базирано и семејно насилство преку досегашните достигнувања на проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Северна Македонија“.


Пред почетокот на настанот се предвидени изјави за медиумите на Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија и Афродита Шаља, шефица на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Република Северна Македонија.

ра/мд/Фото: УНФПА   .


Извор: МИА