Breaking News

Иако поднесен пред три месеци, се уште се разгледува подготвениот договор за влез на првата голема македоска компанија во ТИРЗ


Договорот со првата голема македонска компанија која планира инвестиција во една од скопските развојни зони е подготвен и поднесен на разгледување кај надлежните институции пред околу три месеци, изјави денеска за МИА директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски.


Деспотовски потсети дека според проекциите и најавите, компанијата требаше да стартува со инвестицијата минатиот месец во ТИРЗ Скопје, но договорот е „заглавен“ во Комисијата за заштита на конкуренцијата.


-Договорот е подготвен и поднесен на разгледување кај надлежните институции пред околу три месеци. Се уште очекуваме институциите да се произнесат пред да ја објавиме инвестицијата.

Конкретно, договорот е кај Комисијата за заштита на конкуренцијата. Компанијата требаше да влезе во зоната во јуни.


Ако добиеме одговор од Комисијата, уште утре ќе можеме да почнеме со реализација, рече Деспотовски.

Првата голема македонска компанија чија инвестиција се најавува уште од минатата година, според директорот на ТИРЗ, ќе поттикне отворање на инвестицискиот потенцијал на домашните компании.


мч/нд/фото: МИА архива .

Извор: МИА