Breaking News

И Кина апелира на воздржаност во судирот помеѓу Израел и Палестинците


Кина денеска соопшти дека е „длабоко загрижена“ од судирите помеѓу Израел и Палестинците и повика сите страни „на воздржаност“.


За разлика од голем број западни земји, кои недвосмислено го осудија нападот без преседан на палестинското движење Хамас врз Израел, Кина, како и Русија, зазеде понеутрална позиција.


– Кина е длабоко загрижена од моменталната ескалација на тензиите и насилството меѓу Палестина и Израел и ги повикува сите засегнати страни да одржат смиреност и воздржаност, веднаш да го прекинат огнот, да ги заштитат цивилите и да спречат натамошно влошување на ситуацијата, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Кина, која годинава посредуваше во историскиот договор за обновување на дипломатските врски меѓу Саудиска Арабија и Иран, постојано потсетува дека сака да придонесе и за израелско-палестинскиот мировен процес, кој е во застој од 2014 година.


 ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА