Breaking News

Хутите нападнаа уште еден брод во близина на брегот на Јемен


Еден брод беше нападнат денеска во близина на јужниот брег на Јемен, објавија две британски агенции за поморска безбедност.


Инцидентот се случил во област каде јеменските бунтовници Хути постојано напаѓале бродови во Црвеното Море во последните месеци, соопшти британската агенција за поморска трговија УКМТО.


Како што се наведува, членовите на екипажот се живи и здрави и бродот се движи кон следната дестинација, и се додава дека инцидентот се случил пред 4 часот утринава.

Друга безбедносна агенција, Амри, објави дека брод под знамето на Маршалските Острови бил погоден со проектили во два одделни инциденти, погоден и оштетен.


Хутите денеска соопштија дека нападнале американски брод во Црвеното Море, откако поморските безбедносни агенции објавија дека биле испукани проектили кон еден брод. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА