Breaking News

Хунтата во Мјанмар осуди тројца офицери на смрт


– Воената хунта на Мјанмар осуди тројца високи воени команданти на смрт поради што минатиот месец го напуштиле и го предале стратешкиот град Лаукаи на бунтовниците.


Портпаролот на воената хунта на крајот на јануари потврди дека шест воени претставници биле приведени по загубата на градот Лаукаи.


По неколкунеделни борби, стотици војници ја предадоа контролата врз градот на бунтовниците, кои почна ненадеен напад на крајот на октомври минатата година.

Лаукаи е познат по казина, проституција и центри за онлајн измами, трговија со луѓе, а според експертите, во градот циркулираат милијарди долари.


Според воениот закон на Мјанмар, дезертерството се казнува со смрт.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА