Breaking News

Хуманитарна штафетна трка во Градски парк за поддршка на семејствата кои имаат лица со попреченост


Здружението Куќа на среќата и MAMA’S, во соработка со Сојузот на спотови на Град Скопје и Хуманитарната организација „Свети Спас“, денеска со почеток во 11 часот, на Школка во Градскиот парк, организираат хуманитарна штафетна трка „Заедно до целта“.


 Организаторите информираат дека паричните средства што ќе бидат собрани ќе бидат наменети за подигнување на инклузивната свест и помош и поддршка за семејствата кои имаат лице со попреченост.


Во програмата ќе има инклузивна трка, инклузивен базар, скара, музички дел со пеачи од нашата естрада, забавен дел со многу награди и изненадувања и разни друштвени игри.  сх/нд/Фото: Куќа на среќата .

Извор: МИА